еМагазин
Image default
Македонија

Трипуновски: Не сум вршел мобинг, бидете подготвени на многу вакви контроли

Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски на Фејсбук реагираше на ставот на Дирекцијата за заштита на лични податоци, дека тој со снимањето на вработените во подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Берово, врши мобинг .

„Ниту е прекршен Законот за заштита на лични податоци, ниту е извршен мобинг! Јавен интерес е оваа снимка да биде објавена. Земјоделците ќе ги заштитам секогаш и секаде. Ниту пак мобинг е извршен, бидејќи мобинг е тоа што го прави СДСМ и нивните функционери, со илјадници земјоделци секојдневно го прават, ги омаловажуваат и не им даваат субвенции и по неколку години.

Бидете спремни на многу вакви контроли. Затоа што тој што не работи се жали, тој што работи ќе биде награден“, пишува Трипуновски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Вознемирена реакција на вработените за снимањето на Трипуновски во подрачната единица на МЗШВ во Берово

ДЗЛП за „ТВ21“: Неовластено снимање, па дури и како мобинг може да се окарактеризира снимката на Трипуновски

ПОРТРЕТ: Кој е Цветан Трипуновски, новиот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

Фото: Фејсбук/Трипуновски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ременски: Целокупниот процес за „Рекет“ ми личи дека имаме судење за убиство без леш

Редакција

Министерката Петровска ќе го тужи пратеникот Ковачки за навреда и клевета

Редакција

Тримесечното бебе починало од крварање во главата: Скопјанец до смрт го претепал синот

Редакција