еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Вознемирена реакција на вработените за снимањето на Трипуновски во подрачната единица на МЗШВ во Берово

Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски ненајавено ги посети вработените на Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) во Берово.

Вработените беа изненадени од ненајавената средба со Трипуновски, а најмногу беа вознемирени поради тоа што додека тој влегуваше во канцелариите, целиот процес се снимаше.

Трипуновски во канцелариите ги прашуваше вработените за нивните имиња, ги праша кој е раководителот, кој пак кога го најде му влезе во канцеларија, при што раководителот го праша зошто се снима.

„Снимањето јас го нарачав, тој ми е човек со мене (н.з за снимателот) ова се службени простории, јас сум дополнителен заменик-министер сакам да ве видам“, рече Трипуновски.

Еден од вработените, очигледно вознемирен, упати и поздрав до камерата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трипуновски: Не сум вршел мобинг, бидете подготвени на многу вакви контроли

ДЗЛП за „ТВ21“: Неовластено снимање, па дури и мобинг може да се окарактеризира снимката на Трипуновски

ПОРТРЕТ: Кој е Цветан Трипуновски, новиот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Крајот на Ковид-19 се ближи, и доктор Пановски ќе се пензионира

Силвана Жежова

Намалување од 4,2%: За една недела 6.463 нови случаи на Ковид-19

Редакција

Србија повторно единствена во регионот што не ги почитуваше мерките на ЕУ за Украина

Редакција