еМагазин
Image default
Бизнис

ТТК Банка лани оствари добивка од 90,6 милиони денари

Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје, на седницата одржана на 28.1.2021 година, ги утврди остварените неревидирани финансиски резултати на банката за претходната 2020 година, соопшти банката преку Македонската берза.

Остварена е бруто-добивка за 2020 година од 100,9 милиони денари, а по одбивање на данокот на добивка и нето добивка од 90,6 милиони денари.

„Заклучок е дека ТТК Банка АД Скопје ги реализира своите добро димензионирани стратешки цели и со успех ја потврди отпорноста на бројните негативни влијанија и предизвици врз економијата што ги наметна појавата на светската пандемија предизвикана од коронавирусот Ковид-19“, велат од банката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колку пари чувале граѓаните во Стопанска банка Скопје во првото полугодие

Редакција

Македонија и Унгарија се координираат за идните чекори за таксата за руски гас наметната од Бугарија

Редакција

Реплек ќе дели дивиденда од 3.000 денари бруто по акција

Редакција