еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Турција ги обвини западните земји кои ги затворија своите конзулати за „психолошка војна“

Турција денеска ги критикуваше западните земји кои привремено ги затворија своите конзулати во Истанбул, загрижени за нивната безбедност поради можни одмазднички напади врз дипломатските претставништва по палењето на Куранот на протестите во неколку европски земји.

Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу изјави дека затворањето на конзулатите и предупредувањата за патување во Турција се дел од, како што рече, заговорот на Западот да му наштети на закрепнувањето на турскиот туризам по пандемијата на коронавирусот и ги обвини западните земји за психолошка војна.

Сојлу истакна дека на денот кога Турција ја објави својата цел да привлече 60 милиони туристи, западните земји беа на работ да почнат нова психолошка војна против Анкара.

Сојлу потсети дека само годинава Турција извршила дури 60 операции против Исламската држава (ИД) и привела 95 лица.

-Околу 2.000 осомничени за припадност кон ИД лани беа уапсени во Турција во повеќе од 1.000 операции против групата, рече Сојлу.

Турското Министерство за внатрешни работи претходно недела соопшти дека турските власти уапсиле неколку осомничени по предупредување од „пријателска земја“, но не пронашле оружје или муниција и дека нема знаци дека се планирани напади.

Германија, Холандија и Велика Британија се меѓу земјите кои неделава ги затворија своите конзулати во Истанбул, наведувајќи го ризикот од можни одмазднички напади по палењето на Куранот во Шведска, Холандија и Данска.

Во меѓувреме, САД и некои други земји издадоа предупредувања за патување на нивните граѓани во Истанбул, повикувајќи се на претпазливост.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германскиот конзулат во Истанбул затворен поради опасност од напад

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

До петок сончево и топло време, од сабота дожд и заладување

Редакција

Филипче: Да се донесе одлука да се даруваат органи во моментот кога го губите саканиот, е незамисливо тешко

Редакција

(Видео) Со комплицирана хибридна операција спасен животот на 77-годишен струмичанец

Редакција