еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Турција согласна за членството на Финска во НАТО, Шведска во моментов ништо да не се обидува, порача Ердоган

Турција позитивно гледа на барањето на Финска за членство во НАТО, но не и на барањето на Шведска, изјави денеска турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, во обраќање пред пратениците на неговата партија на Правдата и развојот (АК) во турскиот Парламент.

-Шведска во овој момент не треба ништо ни да се обидува. Нема да го поддржиме нивното барање за влез во НАТО се додека тие дозволуваат палење на Куранот, рече Ердоган, пренесен од британските медиуми.

Турскиот претседател пред пет ден сугерираше дека неговата земја можеби ќе се согласи Финска да влезе во НАТО пред Шведска.

Шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, два дена подоцна даде слична изјава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Турција може да ја пушти само Финска во НАТО, не и Шведска, порача Ердоган

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

61-годишен маж од Старо Нагоричане пронајден мртов по пожар во неговиот дом

Редакција

Конгресот почна истрага против Трамп: Се бара разоткривање на тајните разговари со Путин

Редакција

Алтернатива деновиве ќе одлучува дали е за носење на буџетот и брзи избори или за зголемување на мнозинството

Редакција