еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Турција воведува задолжителен ПЦР тест за Ковид-19 при влез во земјата

Од понеделник (28.12.2020) лицата кои ќе остварат влез во Турција по воздушен сообраќај и лицата коишто ќе остварат влез по копнен и поморски сообраќај почнувајќи од среда (30.12.2020) ќе мора да приложат негативен ПЦР тест за коронавирусот направен во последните 72 часа пред влезот во земјата, информираат турските власти.

Лицата коишто ќе немаат негативен ПЦР тест при доаѓање во Турција нема да бидат земени во авион, а покрај ова, лицата кои што при влез од граничен премин нема да приложат негативен ПЦР тест на службените лица ќе бидат ставени во карантин на адресите што ќе ги пријават дека престојуваат (домашна, хотел и др.).

Лицата кои ќе изјават дека немаат место за престојување ќе бидат сместени во карантин на лица одредени од страна на локалните здравствени директорати.

На 7-миот ден од карантинот ќе се направи ПЦР тест, при што на тие што резултатите од тестот ќе им бидат негативни, карантинот ќе им заврши на крајот од 7-миот ден, додека пак на оние кои ќе имаат позитивен тест лекувањето ќе им се продолжи согласно Ковид-19 упатството на здравствeните власти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Труења во Хрватска предизвикани од газирани пијалоци

Редакција

Македонскиот Црвен Крст отвори сметки за помош за настраданите граѓани во земјотресот во Турција и Сирија

Редакција

Нервоза на Минхенската безбедносна конференција – ова е крај на светот каков што го познаваме

Редакција