еМагазин
Image default
Бизнис

УЈП ја објави новата листа должници: Граѓани и фирми за даноци должат 164 милиони евра

Управата за јавни приходи ја објави листата на должници за долгови доспеани до 30.09.2018 и неплатени до 31.12.2018 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

На листата на должници објавени се 2.134 должници – правни лица (помалку е за 30 од претходната листа) и 2.396 физички лица (повеќе за 50 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во листата бр.01/2019 изнесува 10.122.013.587 денари или околу 164 милиони евра, повеќе за 94.369.744 денари од претходната листа.

Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 9.972.264.456 денари (помалку за 26.279.574 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 149.749.131 денари (повеќе за 120.649.318).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Звучни имиња на бизнисмени, фирми и претпријатија на новата листа должници на УЈП

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Триглав Осигурување“ склучи зделка со заинтересирана страна

Редакција

„Орка Холдинг“ ја предлага Кристина Камчева Стојческа за член на Надзорниот одбор на Стопанска банка Битола

Редакција

Мукаетов панелист на „НЛБ Денот на инвеститори“ во Белград: Регионот е стартна точка за глобализација на Алкалоид

Редакција