еМагазин
Image default
Балкан

Уапсен директорот на Геронтолошкиот центар во Ниш, каде со Ковид-19 се заразиле 139 лица

Припадниците на српското Министерството за внатрешни работи во Ниш, во соработка со разузнавачката Безбедоносно-информативната агенцијата (БИА) и Вишото јавно обвинителство во овој град, денеска го уапсија М.С. (47) од Ниш, под сомнение дека сторил кривично дело против здравјето на луѓето во врска со кривичното дело пренесување на заразна болест, соопштија од МВР.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, М.С. (47) се сомничи дека како овластено лице на Центарот за геронтологија во Ниш не ги има преземено сите неопходни мерки и активности за да го спречи ширењето на заразна болест ковид-19, што резултирало со зараза во оваа установа на 135 корисници на услуги и на четворица вработени, се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи.

На осомничениот му е одреден притвор до 48 часа и тој со кривична пријава ќе биде приведен во Вишото јавно обвинителство во Ниш.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Француски епидемилози: Само повлекувањето на мерките за ограничување, без тестирање и изолација ќе бидат неефикасни

Јужна Кореја: 116 лица повторно се заразени со Ковид-19, откако претходно биле излекувани

Мијте ја косата по излегување надвор, коронавирусот се пренесува и преку неа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Албанија ги укинува работните дозволи за Албанците од нашата земја

Редакција

Злоупотребата на историјата води кон трагични војни, предупредуваат историчари од поранешна Југославија

Редакција

Корона вирусот пристигна и во Косово, регистрирани првите две заразени лица

Редакција