еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Уапсен осомничен за помагање во убиството во „Шиша бар“ во Старата скопска чаршија

Денеска во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје во содејство со САЕ „Тигар“ и Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги извршија претрес на дом и го приведоа Г.М. (31) од Скопје, кој бил баран со потерница од надлежното обвинителство во врска со убиството во кафе бар „Албум Шиша“ во Скопје на 06.03.2023 година, информираа од МВР.

-Г.М. е задржан во полициска станица и против него до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава по брза постапка за извршенo кривичнo делo „помагање” по чл. 24 од КЗ во врска со кривично дело „убиство“ по член 123 од КЗ, извршени на ден 06.03.2023.

Г.М. е предаден на ОЈО за натамошна постапка, велат од таму.

Од Основното јавно обвинителство Скопје пак информираа дека е донесена Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека помагало при извршување на кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 3 во врска со став 1 и во врска со член 24 од Кривичниот законик.

-Осомничениот 31-годишен скопјанец, на 18 февруари во Косово, со умисла помогнал во извршување на кривично дело, така што со своите дејствија ставил на располагање средства за извршување на кривичното дело, односно учествувал во купопродажба на автомобил кој подоцна на 6 март бил искористен за извршување на кривичното дело убиство во кафе бар на улица „Самоилова“ во Скопје, стои во соопштението од Јавното обвинителство

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, постои основан страв дека тој ќе ги сокрие или уништи трагите на кривичното дело или ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоци, соучесници или прикривачи и особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе стори кривично дело со кое се заканува, велат од Обвинителството.

На 6 март, во „Шиша бар“ во Старата скопска чаршија напаѓачи облечени во црна облека налик на униформа ги убија Јетон Кривањева викан Жила и Енес Исени. По нападот тие избегаа со возило Ауди А6, кое е најдено подоцна запалено во Шуто Оризари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителство нареди ексхумација и обдукција на телото на 25-годишниот беровчанец

Редакција

Нови 333 случаи на Ковид-19 од 2.547 тестирања

Редакција

Градоначалниците Богоев и Петровска дале изјави во Обвинителство за случајот „Рекет“

Редакција