На 27.12.2018 година од 01,00 до 03,00 часот, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово – Полициско одделение Галате, спровеле акциска контрола во угостителскиот објект сопственост на Ф.Т.(50) од Неготино – Полошко, информира МВР.
При контролата, во објектот биле затекнати 19 женски лица на возраст од 21 до 37 години, кои како пејачки и танчерки ги забавувале гостите. Лишени се од слобода и задржани во Полициската станица Гостивар за расчистување на случајот.
Покрај нив, лишен од слобода е и сопственикот на објектот, како и М.С.( 36 ) и Х.А.(32) од Неготино – Полошко, кои ги попречувале полициските службеници во спроведувањето на акциската контрола.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.