еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Убава вест: Оздравени 26 пациенти кои боледуваа од корона вирусот

Министерството соопшти дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 26 оздравени пациенти кои боледувале од корона вирусот и тоа во Скопје-1, Куманово-14, Прилеп-4, Тетово-3, Велес-4.

Вкупната бројка на оздравени пациенти од почетокот на епидемијата е 1.293.

“Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се четворица пациенти, а вкупно се хоспитализирани 47.

На кислородна поддршка се 19, а на механичка вентилација е еден пациент.

Во ГОБ „8 септември“ примени се седум нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 19. На респираторна машина седум пациенти и уште еден пациент е со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се хоспитализирани пет, на домашно лекување се следат уште двајца пациенти.

Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно четворица, нема пациенти кои се следат на домашно лекување.

На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Охрид и Прилеп се хоспитализирани 47 пациенти позитивни и сомнителни на Ковид-19“, велат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови 30 случаи на заразени од корона вирусот, најмногу во Скопје

Анализа на Харвард: Корона вирусот слабее на топлина, но ќе има втор бран

Убава вест: Уште само 21 здравствен работник во Македонија заболен од коронавирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Отворен Центар за трансплантација на хематопоетски матични клетки на Клиниката за хематологија

Редакција

Општина Аеродром склучи договор со Енерџи деливери солушнс вреден 588,6 илјади евра

Редакција

НСДП го прифаќа „францускиот предлог“

Редакција