еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Убава вест: Пронајдено малолетното девојче од кочанско Оризари што беше пријавено за исчезнато

Среќен крај за семејството Николови има потрагата по нивната 15-годишна ќерка Наташа од кочанско Оризари, која во полицијата беше пријавена како исчезната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Исчезната е Наташа Николова од Оризари, семејството бара помош

Ноќеска пред полноќ таа се вратила во својот дом, по што е прекината акцијата за нејзино пронаоѓање, во која освен роднините и други граѓани, беа вклучени и дел од институциите.

– Ноќеска по 23 часот девојчето си дојде само, во релативно добра здравствена состојба, физички исцрпено, но без видливи траги на насилство или малтретирање. Сепак, поради неопходното закрепнување, во болницата во Кочани ја добива потребната лекарска грижа.

Во име на смејството сакам да се заблагодарам на сите кои се вклучија и помогнаа во потрагата и вакви случаи воопшто да нема, истакна Драги Серафимов, роднина на исчезнатото девојче.

Од Локалната самоуправа на Кочани информираа дека во координација со водостопанската подружница „Брегалница“ од Кочани вчера попладне била запрена водата во десниот магистрален канал, за да се истражува по целата негова должина.

Центарот за управување со кризи и Министерството за внатрешни работи најавиле дека ќе испратат стотина припадници од специјалните единици за да се вклучат во потрагата, но рано утрово активностите се прекинати.

Се очекува во текот на денот полицијата да ја заврши истрагата и да излезе со официјално соопштение за случајот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Горивата поевтинуваат од 2,5 до три денари за литар

Редакција

Алкалоид основаше две нови друштва со спортска дејност

Редакција

За Трамп обвинението е политички прогон, „удри“ и по Сорос

Редакција