еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Убава вест: Во ковид центрите во Скопје за 24 часа нема нови хоспитализирани пациенти

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа нема нови хоспитализирани пациенти, а вкупно се лекуваaт 46 болни, сомнителни и потврдени за Ковид-19, информираат од Министерство за здравство.

„Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје нема хоспитализирани нови пациенти поради компликации од корона вирусот.

Вкупно 46 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ немало приеми.

Приеми немало ниту во ковид центарот во ГОБ 8 Септември и на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома е пуштен еден оздравен пациент.

Во  ковид центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 7 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 14 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 25 пациенти,“ се вели во соопштението.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија и Бугарија заедно ќе ги чествуваат Св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и Цар Самуил

Редакција

Србија да ги продолжи преговорите со ЕУ, ако воведе санкции за Русија: Европскиот парламен усвои резолуција

Редакција

Антикорупциска ја запре постапката за набавката на службено возило на поранешниот претседател на Врховен, Вангеловски

Редакција