„Фершпед“ АД Скопје да исплати дивиденда од акумулираната нераспределена добивка на друштвото до 2008 година во бруто износ од 29.019.340 денари, пишува во предлог-одлуката за Собранието на акционери на компанијата закажано за 17 мај, годинава објавена преку Македонската берза.
„Дивидендата во бруто износ по акција ќе изнесува 1.780 денари. Дивидендата ќе се исплатува во готово, на трансакциските сметки на акционерите. Последен ден на тргување со право на дивиденда е 05.06.2019 година. Прв ден на тргување без право на дивиденда 06.06.2019 година. Датумот на евиденција според кој се определува листата на акционери кои имаат право на дивиденда е 07.06.2019 година“, соопшти компанијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бруто плата од 221.000 евра за шест члена на Управниот одбор на „Фершпед“
„Фершпед“ ја зголеми добивката