еМагазин
Image default
Македонија

Укинат домашниот притвор на Зоран Милески-Кичеец, осуден за „Рекет“

Укинат е домашниот притвор на Зоран Милески- Кичеец, осуден за „Рекет“.

Тој сега е на слобода, откако дал гаранција од над 200.000 евра, потврди за Алфа телевизија, шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска и неговиот адвокатот, Александар Новаковски.

“Ја прифативме гаранцијата во имот, со тоа што во казната нема да му се пресмета периодот кој ќе го мине на слобода до правосилноста на пресудата“, вели за Алфа, Рускоска.

Кичеец е осуден на три години затвор за кривичното дело „примање награда за противзаконско влијание“.

Засега тој е единствен осуден за „Рекет“, откако на стартот на судскиот процес го призна делото.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите докази во предметот за Онкологија се обезбедени и веќе се анализираат од стручни лица, велат од Обвинителство

Редакција

(Фото) Мицкоски со заедничка фотографија со министерката Мизрахи го коментира нејзиното разрешување

Редакција

Пет новопочинати од корона вирусот, меѓу нив и десетмесечно бебе

Редакција