еМагазин
Image default
Свет

УНИЦЕФ ќе испрати две милијарди дози вакцини против Ковид-19 во сиромашните земји

Земјите во развој следната година „во мамутска операција“ ќе добијат речиси две милијарди дози вакцини против Ковид-19, соопшти агенцијата на ОН за деца – УНИЦЕФ.

Организацијата соопшти дека соработува со 350 авиокомпании и логистички компании за доставување на потребните вакцини и инjекции во сиромашните земји како Бурунди, Авганистан и Јемен, како дел од Ковакс, глобален план за дистрибуција на вакцини против Ковид-19 на Светската здравствена организација (СЗО).

„Ќе соработуваме на овој план за да обезбедиме доволен капацитет за транспорт за оваа историска мамутска операција“, рече Етлева Кадили, директорка на одделот за снабдување при УНИЦЕФ.

Целта на Ковакс – проект заеднички предводен од СЗО, групата ГАВИ и Коалицијата за епидемиолошка подготвеност – е да спречи одделни земји да складираат вакцини против Ковид-19 и да обезбеди вакцина за сите најранливи групи во сите земји.

„Потребна ни е целата расположлива помош додека се подготвуваме да доставиме дози на вакцини, инјекции и заштитна опрема за да ги заштитиме здравствените работници ширум светот“, рече Кадили, официјален претставник на УНИЦЕФ, кој е најголемиот купувач и дистрибутер на вакцини во светот.

Без оглед на моменталната пандемија, УНИЦЕФ дистрибуира над две милијарди дози за рутинска имунизација секоја година во речиси 100 земји во светот.

Се очекува до крајот на оваа година здравствените регулатори да ги одобрат првите вакцини против Ковид-19.

МИА/Фото: shutterstock

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вакцината против Ковид-19 во Британија спасила речиси 12.000 животи

Редакција

Првиот човек на НАТО, Столтенберг: Војната во Украина ќе трае долго

Редакција

Нов црн рекорд во Италија: За 24 часа починаа речиси 800 лица

Редакција