Новинарот Љупчо Златев стана татко.
-Станав татко, ни се роди син! Рано утринава, на 17.04.2023 мојата сопруга Душица Златева на свет донесе машко дете. Огромна благодарност до дежурната екипа во Гинеколошко Акушерската Клиника во Скопје.
Денешниот датум има уште една симболика, затоа што на денешен ден за прв пат се сретнавме со мојата сопруга пред две години!
Од сега па натаму главна преокупација во семејството ќе ни биде да го израснеме во среќно детство и да му дадеме просперитетна иднина. Му посакуваме добредојде на овој свет на Симон Златев, да биде здрав, мудар, храбар, чесен, среќен и успешен!, напиша тој на Фејсбук
Фото: Златев/Фејсбук
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.