еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Уредбата на Владата за помош на медиумите е селективна и не ги опфаќа сите медиуми, сметаат од ЗНМ и СЕММ

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изразуваат загриженост за состојбата на локалните и регионалните радиодифузери кои, најавија дека ќе штрајкуваат со делумен прекин на програмата.

„Оваа одлука на локалните и регионалните телевизии следи откако Владата на РСМ на 30 мај, 2020 година, донесе уредба со законска сила според која средства од Фондот за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од КОВИД-19 се пренаменуваат за поддршка на одредени медиуми.

Со оваа уредба на петте национални телевизии (Канал 5, Сител, Алфа, Телма и Алсат – М), како и на останати шест регионални телевизии кои имаат дозвола за емитување преку дигитален терестријален мултиплекс, Владата ќе им покрие годишен трошок кон операторот А1 во висина од над половина милион евра,“ се вели во соопштението.

Во него се додава дека ваквата одлука на Владата ги дискриминира останатите радиодифузери кои не се опфатени со оваа мерка и се нарушува медиумскиот пазар на штета на тие медиуми.

„Загрижува тоа што владата не ги земала предвид регионалните и локални медиуми кои според сите податоци и кај нас, и во светот, најмногу од сите други медиуми се соочуваат со економски проблеми.

Потсетуваме дека информациите од локалните заедници се од големо значење за информирање на граѓаните, особено во овој период на криза.

Ја повикуваме Владата да ја преиспита оваа уредба, со цел да бидат опфатени сите радиодифузери кои ги исполнуваат условите за концесија. Тоа значи, освен на локалните и на сите останати национални радиодифузери кои не емитуваат преку терестријален мултиплекс, а имаат големи трошоци за пренесување на сигналот, треба да бидат опфатени со оваа уредба, без притоа да се создава дискриминација кон медиумите по кој било основ,“ се додава во соопштението.

Од ЗНМ, СЕММ и ССНМ потсетуваат дека неодамна реагираа против избрзани решенија за финансирање на медиумите и укажавме дека доколку продолжи кризата треба да се изнајде тип на финансиска поддршка која ќе ги опфати сите медиуми, вклучувајќи ги тука и онлајн медиумите

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 190 случаи на Ковид-19 од 1.530 тестирања

Редакција

Од 25 до 29. ноември Недела на јапонски филм во Кинотеката

Редакција

Во М-НАВ не се почитувани процедурите за обезбедување, велат од Агенцијата за цивилно воздухопловство

Редакција