еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

УСЈЕ на Клиниката за гинекологија и акушерство-Скопје донираше апарат за капиларно одредување на ЦРП кај новороденчиња

Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје доби донација на апарат за капиларно одредување на ЦРП со кој се оптимира давањето на антибиотска терапија кај бебињата.

Апаратот е донација од Цементарница УСЈЕ АД Скопје за новороденчињата од Одделот за неонатална интензивна нега и терапија на ЈЗУ У ГАК-Скопје, информираа од компанијата.

– Раното дијагностицирање и мониторинг на нашите пациенти е од клучно значење за навремена дијагностика и третман, со што значително се подобрува и крајниот резултат во нивното лекување.

На нашата клиника се третираат највисокоризичните бебиња и новиот апарат, заедно со исклучително стручниот капацитет на нашиот тим, значително ќе го подобри правилниот пристап кон примена на соодветната  антибиотска терапија кај новороденчињата, истакна супспецијалист неонатолог Рената Димитријоска од ОИНТ при ЈЗУ У ГАК – Скопје.

Покрај апаратот, УСЈЕ донираше и медицинска опрема на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство со што му се дава конкретна поддршка на медицинскиот персонал кој работи посветено и во постојните услови на пандемија.

– Како одговорен партнер на заедницата, УСЈЕ постојано се труди да даде поддршка и да ги унапреди услугите што се од јавен интерес. Тоа го правиме токму преку вакви проекти и донации во различни сектори, бидејќи за развој на општеството во сите негови сегменти одговорни сме сите ние и можеме да дадеме конкретен придонес.

Искрено веруваме во оваа девиза, а тоа го докажуваме со нашите континуирани активности во таа насока. Сега, во услови на пандемија дополнително чувствуваме потреба да помогнеме онаму каде што е најпотребно, а тоа е здравствениот сектор, истакна Борис Хрисафов, главен извршен директор на УСЈЕ.

Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство покрај терцијарна здравствена заштита, во сите сегменти од модерната гинекологија врши и наставна дејност во рамките на Медицинскиот факултет.

Годишно на оваа клиника се раѓаат околу 5.000 бебиња.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уште две општини со 19 училишта ќе бидат дел од општествено одговорната кампања на „Макпетрол“

Редакција

Професорката по македонски јазик Тримчевска избрана за најдобра на просторите на поранешна Југославија

Редакција

Со Spinning® сесија и Slackline натпревар во одржување баланс викендов во спортска атмосфера се одржа HFWE #5  

Редакција