еМагазин
Image default
Македонија

Апасиев се сретна со рускиот амбасадор, разговарале за „непромислените антируски изјави“ на Османи и вакцинацијата

Денеска во репрезентативната „Струшка соба“ на Собранието, пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев остварил средба со рускиот амбасадор во Република Македонија – Н.Е. Сергеј Баздникин, информираат од партијата.

“На оваа прва официјална средба беше разговарано за предизвиците со кои се соочува земјата во време на пандемијата со Ковид-19, како и за ефикасноста на процесот на вакцинација на населението со руската вакцина „Спутник V“, која им беше понудена на македонските здравствени власти уште во месец август 2020 година.

Отворени беа и прашања од важност за Западен Балкан, како и за непромислените антируски изјави на шефот на дипломатијата – Бујар Османи, кои беа оценети како непотребни и провокаторски и кои воопшто не придонесуваат кон развојот на традиционално добрите меѓудржавни односи.

Пратеникот Апасиев се огради од последниот контроверзен твит на министерот за надворешни работи и потсети дека ваквиот министерски личен став воопшто не ја изразува волјата на мнозинството наши сограѓани.

Отворени беа и други прашања за културната и образовната размена помеѓу двете земји, со особено значење на стипендиите за македонските студенти кои ги дава Руската амбасада на годишно ниво, а беа опфатени и теми од современата геополитика.

Средбата помина во срдечна и пријателска атмосфера, со надеж за продлабочена идна соработка меѓу двата народа“, велат од партијата.

Фото: Левица

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Горан Трајковски е назначен за нов в.д. директор на Државниот пазарен инспекторат, разрешена Анета Симеска Димоска

Редакција

(Фото) Веста за пукањето во Ист Гејт одекна и во регионов

Редакција

(Фото) Како изгледаат новите регистарски таблички со ознака НМК

Редакција