еМагазин
Image default
Македонија

Условни казни затвор од една година за насилните протести во Тетово на 17 септември

Петмината приведени за насилниот протест во Тетово и Мала Речица на 17 септември, денеска во Основниот суд Тетово добија условни казни и ќе бидат пуштени на слобода, информираше еден од адвокатите во процесот.

На обвинетите Блерим Ахмеди, Насер Белули, Арјан Шерифи, Џемал Садики и Ветон Алити им се судеше за сторено кривично дело „напад врз службено лице“, поради насилството врз полицајците на протестот на 17 септември, кој се организираше дента во Тетово при што беше побарана одговорност за 14-те лица кои ги загубија животите при пожарот во модуларната болница на 8 септември.

– Обвинетите ја признаа вината, а судот утврди казна затвор од една година доколку повторно го сторат делото во наредните три години. Воедно судот ја укината мерката притвор, изјави Бесник Асани, адвокат на првообвинетиот Блерим Ахмеди.

На 17 септември имаше протестен марш во Тетово од плоштадот па се до седиштето на ДУИ во Мала Речица. Кога полицијата се обиде да го спречи движењето кон седиштето, дел од учесниците во протестот употребија насилство за да го продолжат движењето.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев очекува Фросина Ременски да докаже дека е невина за „Рекет“

Редакција

Детален преглед по скопски општини: Чаир се уште рекордер по бројот на заболени од корона вирусот

Редакција

Поднесено Обвинение за лицето кое ја нападна новинарската екипа на ТВ 24

Редакција