еМагазин
Image default
Македонија

Уставниот суд оформил предмет по иницијатива на Левица за разрешувањето на Фадил Зендели

Уставниот суд оформил предмет по иницијатива на политичката партија Левица во кој оспорена е Одлуката за разрешување на членот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на РСМ, Фадил Зендели, од 3 март 2022 година донесена од Собранието.

-Во однос на информациите во некои медиуми дека Уставниот суд ја прифатил иницијативата, појаснуваме дека се работи за оформување на предмет и постапување по него, што не е исто со прифаќање односно донесување на одлука по оспорената иницијатива.

Во оваа фаза предметот е распределен кај  судија-известител и советеник кои треба да изготват реферат со соодветен предлог за одлучување понатаму, информираат од Уставниот суд.

Подносителот, како што се наведува во соопштението од Судот, смета дека оспорениот акт ја суспендира законската должност на пратеникот да учествува во работата и одлучувањето на работното тело, дека не може пратеник да биде разрешен од работното тело на Собранието без предлог на матичната Комисија за прашања на изборите и именувањата, исто така подносителот наведува дека не ги исполнува кумулативно сите деловнички услови за да се најде на дневен ред.

-Според наводите во иницијативата подносителот смета дека Одлуката е во спротивност со членови (8 ст.1, 51,61 ст.2, 68 ст.1 алинеја 16 и чл.76 ст.1) од Уставот и дека е во спротивност со Законот за пратениците, членови (4, 6 ст.4, 10 ст.1, 12 ст.1, 20, членови од Деловникот 69 ст.2,79 ст.1,108 ст.1 и 2, 117 ст.2, 125 ст.1,184 ст.2, 2 ст.7 алинеја 3).

Подносителот на иницијативата предлага до Судот да биде изречена времена мерка – привремено запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија преземени врз основа на оспорениот подзаконски акт, се додава во соопштението.

Разрешувањето на Зендели беше побарано откако Движењето „Беса“ премина во опозиција и мнозинство во Комисијата за избори и именувања наместо власта, имаше опозицијата.

Поради блокадата на работата на Комисијата беше закочен и изборот на нови членови на Уставниот суд, како и други именувања.

МИА/Фото: Уставен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Смена на министри и други функционери до средината на јуни

Редакција

Кривична пријава за браќата кои претепаа лекар во Тетово

Редакција

Компанијата „Беса транс“ била регистрирана во Ќустендил, канцеларии имала во Скопје и други градови

Редакција