еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Министрите од Полска, Германија и Франција не ја предомислија ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ и нејзините коалициски партнери ги информирале министрите од Вајмарската група дека остануваат на ставот дека уставни промени во околности на политички диктат од соседството не се прифатливи.

-Улогата на соседите треба да биде улога на поддршка на нашите европски интеграции, а не негирање на македонскиот национален идентитет, било посочено на средбата на лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски и претставници на коалициските партнери со државната секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Република Франција, Лоранс Бун, министерката за Европа и клима на Сојузна Република Германија, Ана Лирман, како и министерот за Европска Унија на Република Полска, Шимон Шинковски вел Сенк.

Било нагласено дека опозицијата воопшто не била вклучена во преговорите кои резултираа со ултиматуми и барања кои отстапуваат од европските вредности и принципи.

-Оттука, за да се заштити процесот на пристапување од билатерализација, односите мора да се базираат на Копенхагеншките критериуми со взаемна почит, поддршка и соработка, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

На средбата била дискутирана актуелната општествено-политичка состојба, особено во врска со пристапувањето на Македонија во Европската унија во овие предизвикувачки времиња.

-Од страна на претставниците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата беше истакнат недвојбениот став дека се залагаме за членство на Македонија во Европската Унија со силно зачуван и зајакнат идентитет, јазик, култура и вредности, се потенцира во соопштението.

Министрите, како што се наведува, биле информирани „и за високото ниво на корупција во државата, за криминалот на високите ешалони во владата на СДС и ДУИ, како и за катастрофалните политики во секој сектор во државата“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Министри на Германија, Франција и Полска на средби со политичкиот врв, побараа уставни измени и реформи во владеење на правото

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Налепниците НМК ќе бидат бесплатни

Редакција

Одложено рочиштето за „Рекет“, се разболеа адвокатите на Јанева

Редакција

Одложено рочиштето за „организаторите на 27 април“

Редакција