еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Утре попладне и за време на викендот пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Под влијание на влажна и нестабилна маса утре попладне и за време на викендот времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина), силни електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град.

И во Скопската котлина за време на викендот времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, повремено и во форма на краткотрајно невреме.

Во случај на појава на електрични празнења од Управата за хидрометеоролошки работи препорачуваат поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 6.065: Од Ковид-19 починаа 21 лице, најмногу од Скопје, Тетово и Гостивар

Редакција

Убава вест: Оздравени 287 болни од Ковид-19

Редакција

(Фото) Кои министри имаат највисок рејтинг во анкетата на ИРИ

Редакција