еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Утре сончево и топло, до 29 степени, во вторник локални врнежи

Времето до крајот на денот ќе биде малку до умерено облачно, на повеќе места со умерен, а на југозападот со повремено засилен западен ветер.

Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре се очекува сончево и топло време со умерена облачност.

Кон крајот на денот во североисточните делови ќе има локален дожд. Ќе дува слаб до умерен југозападен, а во западните делови умерен до засилен западен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 27 степени.

Повремено зголемена облачност со локални врнежи од дожд ќе има во вторник претпладне, како и во текот на ноќта кон четврток и во четврток преку денот.

Поради засилен северозападен ветер во четврток температурата ќе се намали за неколку степени.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Минатата недела шест лица по третпат се заразиле со Ковид-19

Редакција

Најчести последици кај лицата кои прележале Ковид-19 во Македонија се кардиоваскуларните болести и невролошки нарушувања

Редакција

Браво за храброста: Најголемото бебе мајката го родила по природен пат

Редакција