еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Утре започнува 42. издание на „Мал Битолски Монмартр”

Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ Битола утре со почеток во 19 часот ќе го претстави почетокот на 42. издание на „Малиот Битолски Монмартр“.

Оваа година организацијата бележи големи цифри на своите манифестации како и значајно чествување во своето постоење. Утре вечер на платото Монмартр пред детската ликовна галерија Мал Монмартр во срцето на старата битолска чаршија ќе се одбележи 55 години од основањето на Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола, а со церемонија на Свечено отворање ќе започнат двете најстари и најголеми светски детски манифестации.

Ќе се отвори светската детска ликовна изложба „Битола“ која годинава ќе го има своето 41-во издание како и 42-рото издание на светската детска ликовна колонија „Мал Битолски Монмартр”.

20 делегации со над 120 учесници веќе пристигаат во Битола, од Кина, Индија, Романија, Полска, Словачка, Израел, Турција, Бугарија, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Македонија …

„Голем број дипломатско конзуларни претставници веќе го најавија своето присуство во името на своите земји. Еминентни професори од Португалија, Русија и Романија се составот на тричлената интернационална жири комисија која ќе доделува по 4 награди на денот и на крајот од манифестацијата ќе ги додели наградите за најдобро школо, најдобар ученик и 12 поединечни награди за креативен и уникатен уметнички пристап.

Учесниците имаат обемна програма. Оваа година за прв пат за време на колонијата ( 23 – 30 мај 2023 година) ќе се отворат две изложби на ликовни дела од „Малиот Битолски Монмартр“ низ годините и тоа во Генералниот конзулат на Грција во Битола и Генералниот конзулат на Бугарија во Битола.

Пет колониски дена ќе се слика староградска и урбана архитектура во Битола а ќе се реализираат и традиционалната посета на Охрид и оваа година на илјада годишниот манастир Свети Јован Бигорски,“ се вели во соопштението.

Колонијата е резултат од светскиот детски ликовен конкурс на кој за 2023 година пристигнаа околу 44.000 детски ликовни дела од над 650 државни и приватни школи од 71 држава создадени од над 40.000 млади ликовни уметници и талентирани ученици.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Hertz Македонија ја освои наградата „Internacional customer experience award 2018“

Редакција

За сите љубители на германската култура и јазик – Ден на отворени врати во Гете – институт Скопје

Редакција

Исклучителен успех за вината на „Tikveš Châteaux & Domainеs“ на „Мундус Вини 2024“

Редакција