еМагазин
Image default
Балкан

Отворен предмет за мајката на малолетникот кој се товари за масакрот во белградското училиште

Белградското јавно обвинителство денеска соопшти дека оформило предмет по службена должност за да се утврди дали во дејствијата на мајката на малолетникот К.К., кој се товари за масовно убиство во училиштето „Владислав Рибникар“ се содржани елементи на кривичното дело „запуштање и злоупотреба“ на малолетно лице“, јави Бета.

Обвинителството испратило барање до Полициското одделение за град Белград за прибирање на потребните информации, кое наредило распит на осомничената М.К., се наведува во соопштението.

Исто така, побара „да се одржи разговор со педагогот и психологот вработени во училиштето, како и да се преземат сите други мерки и дејствија неопходни за целосно утврдување на фактичката состојба.

Градскиот центар за социјална работа има наредба да изврши дијагностичка проценка на функционирањето на семејството на малолетникот К.К. и за ова да го извести Oбвинителството.

Откако ќе бидат доставени бараните пријави до Oбвинителството, јавноста „без одлагање ќе биде информирана за натамошниот тек на постапките и одлуките“, стои на веб-страницата на обвинителството.

Над 200 родители на деца од „Владислав Рибникар“ се приклучија на иницијативата за итно прекинување на наставата во постојниот објект на тоа училиште и завршување на работната учебна година на 3 мај, кога ученик од седмо одделение уби девет ученици и чувар на тоа училиште.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во белградското училиште „Владислав Рибникар“ продолжува наставата, дежураат 6 полицајци, а родителите бараат крај на учебната година

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија да ги почитува човековите права и рекол Радев на претседателката на Европската комисија

Редакција

(Видео) Снежно невреме затвори патишта ширум Романија, 400 луѓе спасени од автомобилите

Редакција

Просечната возраст е 26 години: Расте бројот на нови случаи со Ковид-19 во Грција

Редакција