Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека извршило полов напад врз дете кое не наполнило 14 години.
Осомничениот во повеќе наврати во текот на годинава извршил полови дејствија врз детето на неговата невенчана сопруга.
Случајот, по добиените определени сомнежи и сознанија, бил пријавен од службени лица од Центарот за социјални работи во Кичево.
Надлежниот обвинител до судијата на претходна постапка поднел предлог за определување притвор имајќи ја предвид тежината на стореното кривично дело за кое е пропишана казна затвор од најмалку 12 години.
МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.