еМагазин
Image default
Македонија

Вакцинација со „Спутник V“ од утре во поликлиника „Јане Сандански“, ревакцинација со „Фајзер“ во „Букурешт“

Во поликлиниката Букурешт утре почнува ревакцинацијата со вакцината „Фајзер“. Во поликлиниката „Јане Сандански“ ќе се одвива имунизација со вакцината „Спутник V“, информираат за МИА од Министерството за здравство.

Вакциналните пунктови и во двете поликлиники ќе работат во две смени, од 8 часот наутро до 20 часот навечер, од понеделник заклучно со сабота.

-Поради проширувањето на ковид капацитети и актуелната состојба, вакцинацијата продолжува со здравствените работници коишто се под висок ризик за добивање ковид инфекција, од сите институции во државата, соопшти Министерството за здрaвство.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој се е во трка за градоначалник на Охрид, Ново Село и Дебар

Редакција

Од Ковид-19 починаа пациенти од Скопје, Куманово, Кичево и Радовиш

Редакција

Нови 489 случаи на Ковид-19 од 1.892 тестирања

Редакција