еМагазин
Image default
Македонија

Вакцината против Ковид-19 се очекува во Македонија во првите месеци од 2021 година

Државава ќе ја добие вакцината против Ковид-19, која прва ќе биде регистрирана и одобрена преку Ковакс механизмот. Реално би било тоа да се случи во првите месеци од 2021 година, вели проф. д-р Александра Грозданова од Фармацевтскиот факултет при УКИМ, која е претседател на Комитетот за имунизација.

Договорот со Ковакс механизмот, посочи таа, кој го потпиша земјава предвидува вкупна количина од 800.000 вакцини, односно по две дози од вакцината за вкупно 400 илјади луге.

„Во првите 20 проценти се предвидува вакцинирање најпрво на ризичните групи како здравствените работници, хронично болните и постарата популација. Потоа секако се планира набавка на дополнителни количини на вакцини и за останата популација“, потенцира д-р Грозданова.

Компанијата „Фајзер“ веќе поднесе апликација за т.н итна постапка за одобрување на вакцината во Управата за храна и лекови (ФДА) во САД, а оваа процедура се очекува дека да ја користат и производителите „Модерна“ и „АстраЗенека“ за регистрација во Европската медицинска агенција.

Како што вели д-р Грозданова, најавите се дека веќе во декември можно е да ја имаме првата одобрена вакцина за Ковид-19.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Амди Бајрам: Со ВМРО-ДПМНЕ не преговарам; Титаник пропадна, сега сум на другиот брод

Редакција

По втор пат рекордни 41 починати од Ковид-19

Редакција

Пристигна првата пратка од 3.000 дози од руската вакцина „Спутник V“

Редакција