еМагазин
Image default
Македонија

Валандово доби пункт за брзо тестирање од Ковид-19

Во кругот на Здравствениот дом во Валандово е поставен пункт, донација од фирмата „ЈБТ Ари и Том“ во кој од денеска се врши брзо тестирање за Ковид-19, откако во рекордно време беше подготвен за обавување на функцијата.

„Брзите антигени тестирања за пациентите ќе бидат бесплатни. Дневно ќе бидат достапни по десет термини но таа бројка ќе се менува во зависност од епидемиолошката слика и капацитетите за лабораториска дијагноза,“ истакна Роберт Марков, директор на Здравствениот дом во Валандово.

Упат за тестирање ќе издаваат матичните лекари преку ситемот „Мој термин“ и алгоритмот за тестирање со брзите тестови. Во состав на Здравствениот дом во Валандово е уредена и просторија за ковид болни со полесна клиничка слика кои примаат инфузија препишана од инфектолог.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Десеттина пациенти од „Сју Рајдер“ во Битола заразени со Ковид-19

Редакција

Вакцинирањето во Охрид ќе се одвива во салата „Билјанини извори“

Редакција

Негативни новите тестови за корона вирусот направени во градинките и геронтолошките установи

Редакција