Македонската Радио Телевизија објави отворен повик до автори и музички продуценти од земјава и странство за избор на оригинална, необјавена, современа, авторска композиција, којашто ќе биде изведена на Изборот за Песна на Евровизија, 2021 во Ротердам, Холандија, информираат од таму.
“Со цел квалитетно и достоинствено претставување на МРТ и Северна Македонија на најпрестижното музичко натпреварување во Европа, Избор за Песна на Евровизија, Македонската Радио Телевизија како носител на лиценцата, ги повикува сите еминенти, но и млади автори да ги испратат своите креативни музички дела и на тој начин да ја зголемат конкуренцијата во селекцијата на песната, којашто Васил Гарванлиев, како македонски претставник, ќе ја изведе на 65-тото издание на Изборот за Песна на Евровизија 202, во Ротердам, Холандија“, велат од таму, дополнувајќи дека демо снимката со максимално времетраење до 3 минути, според евровизиските пропозициите треба да е квалитетно изработена, со разбирлива вокална линија и хармонија.
Демо снимката може да се испрати на следната е-маил адреса: [email protected]
Отворениот повик трае до 27.01.2021 година.
Како што е познато лани поради пандемијата со Ковид-19, Евровизија не се одржа, а преставник на Македонија требаше да биде Гарванлиев.