еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Досега само 25% од населението над 70 години има примено барем една доза вакцина

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државатам, интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, информираат од Министерство за здравство.

„На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 74.076 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 7.963 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 9.123 граѓани.

Во државата вкупно вакцина и ревакцина примиле 92.253 граѓани. Со последните бројки 25% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација.

Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk, а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура.

Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола и Охрид,“ се вели во соопштението.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk, бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил Зоран Димитриевски, еден од судиите кој ја пушти Јанева во куќен притвор

Редакција

За амортизирање на ударот од корона вирусот: Државата да се задолжи, банките да понесат дел од товарот

Редакција

Стапува во сила ново примирје во Нагорно-Карабах

Редакција