еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

58-годишен велешанец изгоре во пожар во сопствената куќа

Педесет и осумгодишен велешанец изгоре синоќа во сопствениот дом на улицата „Коле Цветков“ кај Црна Џамија, потврдија за МИА портпаролот од СВР Велес, Ристе Самарџиев.

Од Службата за итна помош, пак, додаваат дека во домот на изгорениот велешанец бил и неговиот брат, која бил затруен со јаглерод моноксид, но бил спасен со нивна брза интервенција.

-Беше спречена поголема трагедија, бидејќи неговиот 60-годишен брат беше затруен со јаглероден моноксид, но со брзата интервенција на Службата за итна помош тој бил реанимиран и препратен на Интерно одделение при Општа болница Велес, информира за МИА доктор Тања Мишева од службата за Итна помош.

Од Општата болница во Велес за МИА информираат дека по укажаната помош лицето кое било затруено со јаглероден моноксид утрово било пуштено дома.

Како што појаснуваат од Итната медицинска помош, пак, кај изгорениот во пожарот, 58-годишниот М.Ц, на местото на настанот смрт констатирал дежурниот лекар доктор Жарко Манасков.

Од ТППЕ Велес информираат дека тие пријава за пожар добиле во 3:55 часот по што интервенирале со шест пожарникари и две возила и успеале пожарот да го изгаснат утрово околу 5:00 часот.

Инаку, полицијата на увид била повикана во 4:27 часот. Екипи на СВР Велес од крим-техника и јавен обвинител направиле увид на настанот со цел да се утврдат причините на пожарот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

12-годишниот Ангел Христовски живее со вродена мускулна дистрофија, потребни се средства за лекување во Кина

Редакција

Крадец фатен на дело во Гостивар

Редакција

„Белата палата“ на продажба: Со колкав имот располага ВМРО-ДПМНЕ?

Редакција