еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Верските лидери со порака: „Да ги почитуваме мерките и да празнуваме одговорно“

Вчера во „Клубот на пратениците“ во Скопје се одржа работна средба со поглаварите на црквите и верските заедници споменати во Уставот, на која присуствуваа директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ), Даријан Сотировски, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, Реисул Улема на ИВЗ х. хфз. Шаќир еф. Фетаи, Бискупот скопски и струмичко-скопски епарх монсињор, Киро Стојанов и суперинтендентот на ЕМЦ, Марјан Димов.

„Со оглед на периодот кој ни претстои верските лидери едногласно апелираат до граѓаните да се придржуваат до сите пропишани мерки за заштита од коронавирусот пропишани од здравствените власти, да не го губат трпението, затоа што во пресрет на имунизацијата одговорноста за контролата над вирусот кај секој од нас е највисока.

Да празнуваме одговорно, да бидеме во кругот на семејството и да избегнуваме собири, освен кога е неопходно, но со доследно почитување на обврската за одржување дистанца и носење на заштитна маска,“ се вели во соопштението на КОВЗРГ.

Верските лидери се согласиле во следниот период да се формира група на пријателство помеѓу младите идни верски службеници, свештеници и имами со цел воспоставување на средина за нивно навремено запознавање и соработка, што е особено значајно за нашето мултиконфесионално општество.

„Верските лидери на средбата разменија мислења по однос на реформите во основното образование и едногласно бараат од надлежното ресорно Министерство за образование вклученост на црквите и верските заедници во јавната дискусија по предлог измените во законот со цел зачувување и унапредување на наставниот предмет етика во религиите и заштита на правата на наставниците кои го предаваат, но и овозможување на децата настава по крицијалните научни дисципнини со избегнување на решенија кои согласно нашите општествени вредности не би биле соодветни,“ се додава во соопштението.

Фото: КОВЗРГ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Св.Климeнт Охридски: Ниедна личност не е толку сврзана со овој народ – затоа го нарекуваме наш најголем светител, просветител и учител

Редакција

Штип, Свети Николе и Ресен со најмногу заболени со Ковид-19 на 100 илјади жители

Редакција

Вакцината на „Џонсон&Џонсон“ против Ковид-19 може да предизвика ретко невролошко нарушување

Редакција