Повеќе регионални медиуми ја пренесоа веста за апсењето на Бојан Јовановски – Боки 13, кој е осомничен за изнуда и перење пари во случајот „Рекет“.
Српски „Курир“ пишува за апсењето на Јовановски и додава дека претходно тој на социјалните мрежи се фалел со луксузен живот и богатство и дека многу ослабел. „Курир“ потсетува дека Боки и е познат на српската јавност по учеството во неколку риалити шоуа.
За апсењето пишуваат и спрските медиуми „Блиц“ и „Телеграф“. „Блиц“ пренесува дека Јовановски е уапсен под сомнение дека „лупал рекет“, a „Телеграф“ дека станува збор за афера тешка 8 милиони евра во која е вмешан и обвинител.
Босанскиот „Дневни аваз“ во детали го опишува делото за кое се товари Јовановски и пренесува видео од прес-конференцијата на обвинителството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е јавниот обвинител или обвинители со кои „рекетирале“ Боки13 и Кичеец?
Кој е махерот кој им го „смести“ на Боки, Зоки и Кате?
За случајот со Боки13 и Зоран Милески, Обвинителството има аудио и видео снимки
Фото: Фејсбук/Инстаграм/Бојан Јовановски