еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Поскапувањето на осигурувањето за регистрација на коли е неоправдано, реагираат од Агенцијата за супервизија на осигурување

Агенцијата за супервизија на осигурување ја известува јавноста дека зголемувањето на цената на полисите за задолжително автомобилско осигурување е неоправдан чекор на осигурителните компании.

„По добиените известувања од осигурителните компании дека ќе ја зголемат цената направени се актуарски пресметки за проверка.  По извршените актуарски пресметки утврдено е дека зголемувањето на цената, со дадените образложенија, не е оправдано.

Поради тоа АСО го информираше и достави предлог до Министерството за финансии, во рамки на неговите законски надлежности, да иницира изготвување и донесување нова тарифа на премии за задолжително осигурување од автомобилска одговорност.

И со тоа да го ограничи износот на режискиот додаток што ќе овозможи намалување на цената на полисите за задолжително осигурување од автомобилска одговорност,“ се вели во соопштението од Агенцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Регистрацијата на коли поскапува за 15%, зголемена е цената на осигурувањето

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Неизбежно место за посета: Ботаничката градина во Скопје крие богатство од егзотични растенија

Редакција

Струмичка „Атлантис“ го доби тендерот на НБРМ за набавка на авиобилети вреден 15 милиони денари

Редакција

Кои се старо-новите заменици-министри во Владата

Редакција