Кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за Куманово, Тони Михајловски, на официјалниот профил на Фејсбук соопшти дека е позитивен на коронавирусот.
Тој нагласува дека иако е вакциниран и ги почитувал мерките на резултатите од тестирањето излегол позитивен.
– Почитувани граѓани, за жал, мора да ве известам дека на моето денешно тестирање од Ковид-19 излегов позитивен, вакциниран и почитувајќи ги сите мерките за заштита на моето и вашето здравје, сепак дојде до оваа несакана ситуација за секого.
Мојот тим е на терен и работи за да ја донесеме долгоочекуваната и заслужена промена во Куманово, напиша кандидатот Михајловски.
Тој во видео кажа дека ќе биде во десетдневна изолација, изразувајќи надеж дека состојбата нема да ескалира. Михајловски му порача на неговиот тим дека е заедно со нив и останува во трката.
– Не се откажуваме, на 17-ти нè чека голема победа – за Куманово, конечно да ги добие промените кои ги заслужува-заврши Михајловски.
Фото/видео: Михајловски/Фејсбук