еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Борисов се сретна со мајката на Пендиков и се закани дека Македонија ќе го доживее бугарскиот гнев ако не се казнат виновниците

Поранешниот премиер на Бугарија и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов се сретна со мајката на Христијан Пендиков, секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, кој моментално се лекува во Софија.

Средбата, како што пренесоа бугарските медиуми, се случи во просториите на неговата партија, а Борисов ѝ ветил дека за случајот ќе ги запознае Европа и лидерот на Европската народна партија (ЕПП).

„Ја осудуваме агресијата врз Христијан Пендиков. Ќе разговарам со лидерот на ЕПП, Манфред Вебер. Ќе бараме тепањето да биде осудено на европско ниво“, изјавил Борисов, пренесува бугарската агенција  БГНЕС.

Тој ги повика македонските власти – премиерот и министрите за внатрешни и надворешни работи да направат сè за да ги уапсат и казнат одговорните за тепањето.

„Само така РСМ ќе докаже дека е правна држава“, вели тој.

Како што пренесува бугарската агенција тој потсетил и дека Бугарија најмногу и помогнала на Македонија, но Скопје треба да внимава „да не ги налути Бугарите“.

„Најлошото нешто на Балканот е што Бугарите се лутат. Направивме сè за РСМ. Тие секогаш ја имаа нашата целосна поддршка. Затоа ги повикувам – осудете ги напаѓачите“, вели Борисов и порачува дека нивниот гнев не е безопасен.

„Нашата наклонетост и љубов кон вас како земја е огромна, но и нашиот гнев е тежок. РСМ ќе го доживее доколку властите брзо не си ја завршат работата и не ги казнат виновниците“, се закани Борисов.

Видео од средбата ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Како Христијан Пендиков од Македонец стана Бугарин

Без побарана согласност од Обвинителството Пендиков бил пренесен во Софија

Пендиков неколку пати ја менувал изјавата, објави СДК

Фото: БГНЕС

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Актуелните мерки за влез во Грција, продолжени за уште една недела

Редакција

Бектеши најави ново зголемување на минималната плата за најмалку 10%

Редакција

Ковачевски и Брнабиќ на отворањето на Самит на Македонија2025, кој ќе се одржува денеска и утре

Редакција