Додека Артан Груби е вицепремиер, неговиот брат трупа огромен имот. Империјата Груби расте и зазема милионски димензии. Денес продолжуваме со откривање детали за бизнис империјата на семејството Груби, изјави денеска Миле Лефков, пратеник и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
-Се наоѓаме на улица Македонија, една од најфреквентните улици во Скопје, во чија близина се голем број на институции и трговски центри. Токму зад мене се наоѓа најновата инвестиција на семејството Груби, голем деловен простор, купен во време додека Артан Груби е вицепремиер од страна на неговиот брат.
Овој деловен простор е со површина од 127 м2, и според катастарската евиденција е сопственост на Ветон Груби, брат на Артан Груби.
Квадратен метар деловен простор на оваа локација се движи помеѓу 3.000 и 4.000 евра, што значи дека објектот на Груби вреди и до 500.000 евра.
Артан Груби, да одговори како неговиот брат Ветон Груби го купува овој имот и со кои средства? И дали при купување на имотот на било кој начин е искористена неговата политичка моќ или политичко влијание?
Груби да каже, како додека тој е вицепремиер, неговиот брат и нему блиски луѓе влегуваат во милионски бизниси и инвестиции.
ДКСК и ЈО да не чекаат и да отворат постапка за бизнис империјата, која се плете околу Артан Груби, како и да отворат постапка за потеклото на парите и можното злоупотреба на влијание од негова страна.
Утре продолжуваме со објавување на нови детали, и дилеми кои неминовно се јавуваат за купувањето на овој деловен објект, со докази и аргументи, изјави Лефков.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ за семејниот бизнис се лаги и без факти, вели Груби
(Видео) Семејството Груби трупа милионски бизниси и имот, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ
Фото/видео: ВМРО-ДПМНЕ