еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Бучковски во Софија однел нон-пејпер со гаранции дека Македонија нема претензии кон Бугарија и дека нема да се меша во прашањето за малцинствата

Владо Бучковски, специјалниот преставник на македонската Влада за Бугарија во Софија однел нон-пејпер, откри видеото од неговата средба со Бојко Борисов, објавено на Фејсбук-страната на бугарскиот премиер.

Нон-пејперот содржи гаранција дека Македонија нема територјални претензии кон Бугарија и дека нема да се меша во прашањето за малцинствата.

„Скратеното име на нашата земја Република Северна Македонија е Северна Македонија, и тоа не значи територјални претензии кон Бугарија. Како и што стои во Договорот, ние не се мешаме во внатрешните работи и тоа ќе го почитуваме“, вели Бучковски на средбата со Борисов.

Борисов пак вели дека Македонија како суверена држава може да решава на каков јазик ќе зборува и му посочува на Бучковски дека две теми ги загрживуваат во Бугарија – суверинетот на Бугарија и прашањето за малцинствата и му порачува да го пренесе тоа на властите во Македонија.

“Тие две теми се појавија и го уплашија бугарското општество, дека ќе почнат претензии и затоа предложивме да се стави во Договорот за добрососедство„, вели Борисов.

Видеото ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Борисов на средба со Бучковски: Сегашните и идните генерации нема да ни простат ако не најдеме компромис

Фото/видео: Борисов/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дали „Илија громовник“ е еден човек или група луѓе, кои организирано објавуваат „бомби“?

Редакција

Вработените во ЈСП протестираат пред Владата за неисплатена плата

Редакција

Рашковски нуди половина милион евра за да излезе од притвор, Вишото обвинителство прифаќа

Редакција