еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Бугарија ја “тресе“ шпионска афера: Бугари шпионирале за Руси

Соседна Бугарија ја “тресе“ шпионска афера.

Тамошните власти вчера соопштија дека разбиле шпионска мрежа во која има и службеници од бугарското Министерството за одбрана, а истите според бугарското Обвинителство наводно работеле за Русија.

Уапсени се шест шица, а според бугарските власти, организатор на групата бил поранешен висок функционер на Воената разузнавачка служба со кодно име Резидент, кој завршил воено образование во Бугарија и странство и разузнавачко училиште во Москва.

Во мрежата според Обвинителството била и неговата сопруга, која има бугарско и руско државјанство и дејствувала како посредник, пренесувајќи информации за Бугарија, НАТО и ЕУ на „вработен“ во руската амбасада, за што добивала пари да ги плаќа “шпионите“ инфилтрирани во институциите.

Беа објавени и снимки од надзорните камери, според кои Обвинителството утврдило дека осомничените се состанувале со организаторот на мрежата на јавни места.

Бугарското Обвинителството презентираше и снимки од разговори на членовите на групата и фотографија на која осомничената жена влегува и излегува од руската амбасада.

Реагираа и од Руската амбасада во Бугарија, од каде посочија дека аферата е обид за нарушување на руско-бугарските односи.

„Во услови на комплицирање на меѓународната ситуација, очигледни се ‘постојаните’ обиди да се вметне клин во руско-бугарскиот дијалог.

Според изјавите на денешниот брифинг на Обвинителството на Република Бугарија, истрагата за лицата приведени на 18 март годинава, обвинети за шпионажа во корист на странска држава, сè уште не е завршена.

Очекуваме, дека до судската одлука за овој случај, ќе запрат шпекулациите за наводна вмешаност на Русија во разузнавачки активности против интересите на Бугарија.

Претпоставуваме дека судската истрага ќе се спроведе на деполитизирана, непристрасна и објективна основа во строга согласност со нормите на бугарското и меѓународното право“, соопштија од Амбасадата на Фејсбук. 

Фото/видео: Обвинителство на Бугарија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа уште седум лица од Ковид-19, вкупно 2.510

Редакција

Починаа две лица од Ковид-19, вкупно до сега 5.477

Редакција

Министерката Божиновска тврди дека нема важечка бугарска патна исправа и документ за идентификација

Редакција