Двајца припадници на затворската полиција синоќа при ослободувањето на Сашо Мијалков не ги почитувале протоколите и поради тоа за нив е отворена дисциплинска постапка.
Еден од нив пред затворската капија ги туркаше новинарите од автомобилот на Мијалков, а регираа и од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ).
“ЗНМ го осудува односот на униформираниот службеник од затворот Скопје во Шуто Оризари, кој истурка новинари и сниматели и ги попречи во вршењето на нивната работа при излегувањето од притвор на екс директорот на УБК, Сашо Мијалков пред затворот.
ЗНМ ќе повика и на одговорност од страна на МВР, како и на директорот на затворот за крајно непримерниот и недозволив однос од страна на униформираниот службеник кон новинарските екипи на ТВ Клан и А1он“, посочија од ЗНМ.
Директорот на затворот Скопје во Шутка за Телма вели дека постапката е отворена поради кршење на безбедносни протоколи.
-Ќе се поведе дисциплинска постапка за двајца службеници од затворска полиција поради непочитување на протоколите за спроведување на притворено или осудено лице до предно стражарско место капија односно рампа.
Во досегашната постапка е потврдено дека протоколот е прекршен и се постапувало спротивно на правилата предвидени со протоколот, вели за Телма, Филип Андов, директорот на затворот Скопје во Шутка.
Видеото може да се погледне ОВДЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јовески за МИА: Ставот на Обвинителството беше да не се прифати гаранцијата за Мијалков
„Не бегам, зошто да бегам“, рече Мијалков по излегување од затворот во Шуто Оризари
Фото: МИА