еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Видео) „Добредојдовте драги браќа!“: Српскиот патријарх Порфириј го пречека поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископот Стефан

Српскиот патријарх Порфириј во Белград го пречека архиепископот Охридски и Македонски и поглавар на Македонската православна црква – Охридска архепископија г.г. Стефан.

Видео снимката од пречекот во соборниот храм „Свети Сава“ во Белград е објавена на фејсбук и на инстаграм профилот на патријархот Порфириј.

Архиепископот г.г. Стефан пристигна во Белград во придружба на архиереи на МПЦ-ОА.

-Како што бијат камбаните на црквата „Свети Сава“, така и нашите срца чукаат од радост поради овој благословен ден. Добредојдовте драги браќа! Добредојдовте браќа Архиепископ Стефан и владици. Добредојдовте во заедницата на љубовта, вие и целиот ваш богољубив народ. Ние сме браќа и само браќа!, напиша патријархот Порфириј.

Како што соопшти Српската православна црква, денеска во храмот „Свети Сава“ во Белград ќе се одржи архиерејска литургија на помирување, на која ќе служат патријархот Порфириј и архиепископот Стефан.

На литургијата ќе сослужуваат архиереи на двете цркви.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скандалозен крај на преговорите: СПЦ ја врати МПЦ-ОА во 1959 година, објави религија.мк

МИА/фото: МИА/видео: Фејсбук/Порфириј

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој му дозволува на командантот Малишева да си пишува статуси на Фејсбук, нели телефоните се забранети во затвор

Редакција

Српската хуманитарка и инфлуенсерка Ана Дорник и Лила Филиповска ќе одржат мотивациски говори за жените кои се борат со рак

Редакција

За Израел резолуцијата на ОН е „одвратна“, Палестина и Хамас ја поздравија

Редакција