еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

За Израел резолуцијата на ОН е „одвратна“, Палестина и Хамас ја поздравија

Шефот на израелската дипломатија Ели Коен ја отфрли резолуцијата на Генералното собрание на Обединети нации со која се повикува на прекин на огнот во Појасот Газа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Македонија била воздржана за резолуцијата на ОН за итно примирје во Газа

Обединетите нации усвоија резолуција која повикува на итно примирје во Појасот Газа

Тој резолуцијата ја нарече „одвратна“.

– Израел планира да го елиминира Хамас, исто како што светот се справи со нацистите и Исламска држава, напиша Коен на платформата Икс.

Претходно и израелскиот амбасадор во Обединети нации, Гилад Ердан ја отфрли резолуцијата на ОН, истакнувајќи дека Израел ќе продолжи да се брани.

– Ова е црн ден за ОН и за човештвото … Сите сме сведоци дека ОН повеќе не поседуваат ниту една унца легитимност или релевантност, истакна Ердан, додавајќи оти Израел ќе ги употреби „сите средства“ во борбата против Хамас.

За разлика од Израел, Хамас го поздрави усвојувањето на резолуцијата и побара итно да биде спроведена, вклучително и достава на гориво и помош за цивилите во Појасот Газа.

И палестинското Министерството за надворешни работи ја поздрави резолуцијата, потенцирајќи дека израелската инвазија „достигнува нов врв на бруталност“.

Во резолуцијата, на предлог на Јордан во име на арапските држави, се осудуваат сите акти на насилство против палестинските и израелските цивили, терористичките и неселективнио напади, а се повикува и на непречена помош и заштита на цивилите.

Резолуцијата е усвоена со 120 гласа „за“, „против“ 14 и 45 „воздржани“.

Одлуките на Генералното собрание не се правно обврзувачки, но имаат морална тежина поради универзалноста на членството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Морбидно: Израелци се исмеваат со маката на Палестинците на социјалните мрежи

(Видео) Израел ја срамнува Газа со земја, сателитски снимки

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Проф. Трајковски: „Шокирани сме од бројката 1.197, но е очекувана и ќе расте – омикрон сојот веќе доминира“

Редакција

Тамара Тодевска ќе ја претставува Македонија на Евровизија 2019

Редакција

(Мапа) Во Кавадарци има најмногу заболени со Ковид-19 на 100 илјади жители, во Македонска Каменица најмалку

Редакција