Со многу висока веројатност во 2022 година во Македонија би требало да се збогуваме со пандемијата, вели доктор Драган Даниловски за Студио 10 на телевизија 24.
„На 28 ноември предупредив дека, додека осознаеме како омикрон се распространува на терен, излезе дека се стабилизира, дека е четирипати позаразен од делта. Реков да ставиме карантини на границите за да добиеме на време.
Прашање на време беше кога и кај нас ќе дојде овој сој. Ме охрабрува тоа што кога ќе се регистрира една појава, таа порано почнала – ние имаме и понатаму опаѓање на инциденцата, има само 347 хоспитализирани.
Се укажува на една поволна епидимиолошка слика, но не треба да се опуштаме. Дојдоа и уште доаѓаат наши луѓе од дијаспората, веројатно е некој да ни го донесе омикрон дополнително. По сите логики може да се очекува зголемување на бројката,“ вели Даниловски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Доктор Даниловски: Омикрон сојот е четири пати позаразен е и помалку опасен
Фото: МЗ/видео: ТВ 24