еМагазин
Image default
Македонија

(Видео) Филипче: На денот на изборите ќе биде сосема безбедно да се гласа

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека во изминатите четири месеци тој и колегите во Комисијата за заразни болести се целосно посветени да обезбедат препораки, закони и протоколи со кои ќе се спречи ширењето на коронавирусот.

„Протоколите кои досега ги подготвивме за повторно отворање на бизнисите и нормализирање на животот по нови правила, се покажаа многу ефикасни. Се докажа дека со почитување на овие протоколи за лична заштита од коронавирусот, целосно е безбедно да се пазари во маркет, да се оди на работа или да се користи јавниот превоз. Тоа е едноставно нашата нова реалност и нов начин на живот“, вели Филипче.

Идната седмица се одржуваат предвремените парламентарни избори. Министерството за здравство, во соработка со другите институции, изготви сигурен и ефикасен пртокол за заштита на здравјето на граѓаните при гласање, порачува Филипче.

„Сакам од мое лично име и од името на Комисијата, да ве уверам дека на денот на изборите ќе биде сосема безбедно да се гласа и со тоа да го остварите вашето граѓанско право.

Гласањето нема да биде помалку безбедно од било која друга нормална активност која ја вршиме секојдневно, како одењето во маркет. Строгиот протокол и негова целосна имплементација се наша должност и одговорност, и се обврзуваме на граѓаните да им обезбедиме сигурна средина во која ќе може да гласаат“, потенцираше Филипче.

Фото/видео: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Постојат шанси за влез на Алијансата за Албанците во Владата, потврди Ковачевски

Редакција

Од ВМРО-ДПМНЕ најавија собирање 150 илјади потписи за референдум за „францускиот предлог“

Редакција

Израелскиот центар „Симон Визентал” со подршка на предлог-законот на ВМРО-ДПМНЕ за забрана на клубови кои во Македонија промовираат нацизам или фашизам

Редакција