еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Видео/фото) 70.000 посни сарми, 200 килограми грав и 350 килограми риба на заедничката трпеза за Свети Никола во Прилеп

Со заедничка посна трпеза во центарот на градот, по 13. пат Прилеп денеска организрано го слави заштитникот на градот – Свети Никола.

Стотици прилепчани се придружија на прославата и порачаа дека традиците треба да се одржуваат, но и да има мир и заедништво на сите граѓани, без разлика дали се сиромашни или побогати, мали или возрасни.

Прилепските домаќинки нагалсувата дека не случајно Свети Никола е заштник на гардот зашто повеќе од половината семејства го слават, а другите им одат на гости.

Годинашниве домаќини, семејството на прилепскиот градоначалник Илија Јованоски, пред параклисот во центарот на Прилеп, на заедничкото подигнување на славскиот леб, ги испратија пораките за заедништво. Градоначалникот Јованоски нагласи дека годинашнава прослава е во духот на хуманоста.

-Денеска илјадници семејства во Прилеп, во духот на традицијата го чествуваат празникот „Свети Никола“. Меѓу нив е и моето семејство, мојата фамилија, која што ја има честа да биде кум на годинашната градска слава. Чествуваме на едно место, без поделби на избрани и обични граѓани. Ќе се дружиме овде во центарот на градот крај подготвената празнична трпеза, сите заедно.

Годинава инициравме два хуманитарни настана. Парите собрани од Светиниколскиот турнир во мал фудбал, што е во тек, се за децата со ретки болести, а деновиве заедно за социјално загрозените семејства се собраа продукти преку акција во поголемите маркети во градот, нагласи Јованоски.

За сопругата на Јованоски, Виолета, најбитни се добрата мисла и заедништвото, а владиката Петар порача младите да не заминуваат во светот, туку да останат во татковината.

– Треба да бидеме чесни, добродетелни како што бил Свети Никола и преземањето на болката од другите може да биде дел од заедничко помирување, рече митрополитот Петар.

Нов домаќин на традиционалната градска прослава на Свети Никола е прилепското семејство Небрежанец.

– Голема е честа и моето семејство ќе се заложи да ја направи свечена и достоинствена прославата в година, рече Кире Небрежанец.

За заедничката градска посна трпеза во центарот на Прилеп беа приготвени близу 70.000 мали посни сарми, беа набавени 200 килограми грав, 350 килограми риба и околу 2.000 литри пијалаци.

Изутрината во прилепската црква „Свето Благовештение“ се одржа свечена литургија за празникот „Свети Никола“.

МИА/Фото/видео: Општина Прилеп

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска и контра-Парада на гордоста во Битола

Редакција

Двајца пациенти на дијализа добија бубрег од починат донор, направена и експлантација на коскени ткива 

Редакција

Темата за Цар Самоил е завршена работа-договорено е негово заедничко чествување, тврдат бугарските историчари

Редакција