еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео+фото) Песната “Во борба, во борба“ во Крушево изведена без строфата за Гоце Делчев и фашистите

На отворањето на владината прослава за Илинден синоќа во Круешво, песната „Во борба, во борба“ беше изведена од МОБ без втората строфа во која се споменува Гоце Делчев и „фашистичка крв се лее“.

Строфата која не беше отпеана гласи:

„Излеговме ние смели партизани,
над нас на Гоце знамето се вее,
во гори, полја и на сите страни,
фашистичка крв насекаде се лее“.

Изоставена беше и последната строфа за нов живот на Македонците со браќата Власи, Турци и Албанци.

Изведбата предизивика бурни реакции во јавноста и на социјалните мрежи, а пејачката Елена Петрска, која е дел од МОБ, коментирајќи на статус на Фејсбук на колегата Владимир Блажев од ДНК, за изведбата, напиша дека аранжманот на песната бил направен пред повеќе од десет години и дека никој со сила не можел да ги натера хористите да менуваат текст или да пеат поради нечиј интерес.

Фото: Влада/денешен.мк/видео: Влада/денешен.мк

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Вкуси го југот“, фестивал на храна и пијалаци во Гевгелија, еве кој се ќе настапи

Редакција

Во Македонија нема регистрирано индиски сој на коронавирусот

Редакција

Џафери го демантира Бачев дека претставници од американската амбасада, држат тројца пратеници заклучени во Собранието

Редакција