По повод 5 јуни светскиот ден за заштитата на животната средина по осми пат Здружението за едукација, комуникација и консалтинг ОХО организираше Trash Fashion 2019, натпревар на креации изработени со реупотреба на материјали, наменет за сите средни училишта кои се вклучени во програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ која ја имплементира ОХO во соработка со Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија.
Годинава петчленото жири во состав: Петар Атанасов – заменик министер за образование и наука, Ружица Антиќ – главена уредничка на „Портрет“, Ирина Тошева – модна креаторка, Марио Додовски – моден критичар и Лука Ѓоргиевски – фронтмен на бендот Funk Shui, за победнички ги избра креациите „Лаура“ од СОУ Богданци – Богданци (I место), „Вилувчела“ од СОСУ Илинден – Скопје (II место) и „The Queen“ од СОУ Ѓорче Петров – К.Паланка (III место).
Оваа година беше доделена и награда за тимот кој реупотребил најмногу отпад за изработка на својот модел – креацијата “Summer Mood” од СОУ Ванчо Прке – Виница.
Пред настанот учениците имаа можност да учествуваат на едукативна работилница, под водство на уметницата Христина Зафировска, а изработените дела беа изложени во холот на Младински културен центар за времетраењето на настанот.
Настанот беше проследен и од 20 Млади репортери за животната средина кои го снимаа, фотографии и известуваа за настанот.
Целта на Trash Fashion 2019 е на иновативен начин да ги поттикне средношколците да ја развијат свеста за заштита на животната средина, собирајќи го отпадот околу нив и да креираат оригинални модели преку неговата реупотреба, по повод Светскиот ден на животната средина, а со поддршка од Делегацијата на Европска Унија во Република Северна Македонија и Град Скопје.
Погледнете го видеото изработено од ученикот Христијан Киров, од ССОУ „Димитрија Чуповски” – Велес: